Спорт

Додер: Денес го немаш Лазаров. Го имаш Гидсел, но тоа не е тоа

За олимпискиот вицепрвак од Лондон 2012 со Шведска, најдобриот на ланското СП не може да се споредува со македонскиот великан

(фото: Ѓорѓи Личовски/ЕПА)

Некогашниот ракометен репрезентативец на Шведска, Далибор Додер, не се согласува дека денес се игра најдобриот ракомет на сите времиња, аргументирајќи го својот став со Кирил Лазаров наспроти Матијас Гидсел.

„Денес го немаш Кирил Лазаров. Го имаш Гидсел, но тоа не е тоа. Ги нема Карабатиќ, Балиќ… Така беше тогаш, имавте репрезентации кои имаа страшни играчи. Дури и денес имате играчи кои се добри, но секогаш ќе се зборува дека порано било подобро. Твоите родители го кажувале тоа, моите, јас ќе го кажувам. А што беше подобро порано? Немаше ‘игрици’, мобилни телефони. Бевме надвор и си игравме нон-стоп“, објасни во интервју за српски „Мондо“ олимпискиот вицешампион од Лондон 2012 со Шведска, за која има 146 настапи и 430 гола од 1998 до 2012 година.

Десниот бек на олимпискиот и светски првак Данска, Гидсел, е првиот ракометар што ИХФ два пати едноподруго го прогласи за најдобар ракометар во светот во 2023 и 2024 година, а на ланското СП беше најкорисен играч.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top