Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ако има СДС докази за поврзаност на лица од власта со 5 тони дрога да ги достави до ЈО! Проверија во фабриката за марихуана кај Заев?!

„Ако има СДС докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до ЈО, во спротивно ќе добие тужба. СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прелea чашата.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија во своето денешно соопштение истакнува:  На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност.

Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?

СДС мора да разбере дека ако тие крадеа, ние не крадеме. Ако тие даваа пасоши на криминалци, ние не даваме. Ако тие договараа тендери во 4 очи и добиваа автомобили за истото, ние не правиме така. СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела. – наведува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top