Македонија

Не може за едни 400, а за други 1.400 денари – Град Скопје става крај на повластените цени за паркинг

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека не е планирано зголемување на цените за паркирање во главниот град, нагласувајќи дека фокусот на градските власти е воспоставување ред и еднаков третман за сите граѓани. На прес-конференција, Ѓорѓиевски одговори на новинарско прашање поврзано со цените на паркингот и повластените услови за одредени институции и вработени.

  • Има институции што плаќаат по повластени цени за паркинг, меѓу кои и вработени во Град Скопје, тоа нема да продолжи. Таква работа нема да има. Вработените овде земаат плата и тие се исти како сите останати граѓани во Скопје. Ќе си плаќаат колку што е утврдено – истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека е недозволиво дел од корисниците да плаќаат значително пониски суми за месечна карта, додека останатите граѓани плаќаат повисока цена.

  • Не може некој да плаќа 400 денари, а друг 1.400 денари за месечна карта. Секој ќе си плаќа ист износ. Тука толеранција нема да има. Но, тоа не значи зголемување на цените, туку воспоставување ред – нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави и дека во план е воведување зонско паркирање на повеќе локации низ градот, со цел подобра организација на сообраќајот и поефикасно користење на паркинг-просторот.

Клучни промени во паркирањето:

  • Укинување на привилегиите: Вработените во Градот повеќе нема да плаќаат повластени суми од 400 денари за месечен билет. Отсега, за нив ќе важат истите цени како и за сите останати граѓани (1.400 денари).
  • Замрзнати цени: И покрај економските предизвици, градоначалникот потврди дека цената на паркингот за граѓаните нема да се зголемува.
  • Проширување на зоните: Зонското паркирање ќе се воведе на нови локации низ Скопје, со цел да се стави крај на сообраќајниот хаос и самоволното паркирање на тротоари и зелени површини.
  • Ред и контрола: Најавена е засилена контрола за да се овозможи полесен пристап до паркинг места за жителите во нивните сопствени маала.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Опсада кај „Охис“: Полициски конвои влегоа во фабриката по запленувањето на 5 тони марихуана

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.   Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

To top