Референдумот за ограничувањето на имиграцијата би можел да ги загрози договорите на ЕУ и да ја осакати економијата, велат швајцарските бизниси.според кои овој потег би можел да ги загрози клучните договори со Европската Унија и сериозно да ја оштети економијата, пишува „Гардијан“.
Владата во среда соопшти дека референдумот за иницијативата „Не за Швајцарија од 10 милиони“, на која остро се спротивставуваат двата дома на парламентот и деловната и финансиската заедница, ќе се одржи на 10 јуни.
Иницијативата предвидува ограничување на растот на населението, што, според критичарите, би можело да му наштети на швајцарското стопанство и на односите со Европската унија.
Ако населението ја надмине границата од 9.5 милиони (во моментов 9.1 милион), државата би била обврзана да воведе рестрикции за имиграција, вклучително и за барателите на азил и спојување на семејства.
Доколку се достигне 10 милиони, мерките би станале уште поригорозни, а Швајцарија би морала да го раскине договорот за слободно движење со ЕУ – нејзиниот најважен трговски партнер.
Партијата SVP тврди дека „експлозијата на население“ ги зголемува трошоците за изнајмување и го оптоварува јавниот систем. Од друга страна, економските асоцијации и компании како Roche, UBS и Nestlé предупредуваат дека иницијативата би можела да доведе до преселба на бизниси, пад на даночните приходи и губење на услуги.
Анкета од декември покажала дека 48% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата, што упатува на длабока поделба во јавноста за прашањето на имиграција и демографија.