Македонија

Мицкоски и раководството на германскиот гигант „Шварц груп“ разговарале за инвестиции и отворање нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција оствари работна средба со раководството на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“. Како што информира премиерот на фејсбук, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

„Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!“ – напиша Мицкоски на фејсбук.

Премиерот Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања. Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во рамките на конференцијата шефот на македонската влада ќе оствари повеќе средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат насочени на регионалната геополитичка стабилност и улогата на Република Македонија како чинител на стабилност на Западниот Балкан и како активен член на НАТО. Во заднината на Минхенската безбедносна конференција се планирани и средби со високи претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади, најави владината прес-служба.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ ќе ги бојкотира следните парламентарни избори, тврди екс партиски другар на Филипче

Мемов тврди дека техничката влада ќе важи за следните избори и ја обвинува опозицијата за ширење лаги и ги повикаа пратениците и членовите на СДСМ да не ги следат деструктивните сценарија на раководството кое, според нив, ужива во луксузни јахти и златни визи.

ЗНАМ: Не дозволувајте СДСМ да ве вовлече во сценарија против интересот на државата

Мемов постави низа прашања до СДСМ и упати повик до членовите и симпатизерите на партијата да не дозволат да бидат вовлечени во сценарија што водат кон изолација, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат.

Регионален бран на закани за бомби: Македонија дел од хибридна операција на Балканот

Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје се вклопува во поширока регионална шема на закани за бомби, која според безбедносните експерти укажува на координирана стратегија за создавање несигурност и страв кај граѓаните.

To top