Македонија

Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати и конкретни придобивки

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во изјава за медиумите од Михенската Безбедосна Конференција.

„Во последните дваесет месеци во делот на надворешната политика имаме неколку одлуки и договори кои имаат огромно значење за стратешкото позиционирање на нашата држава. Прво е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија – бевме прва земја во регионот што склучи таков договор. Потоа следеше новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа“, нагласи Муцунски.

Тој посочи дека четвртиот клучен документ е Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија.

„Изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, која е пониска во споредба со голем број земји во светот, но и отвора можност за тарифи до нула проценти за специфични гранки и производи значајни за нашиот извоз кон САД. Целта е подобри услови за нашиот бизнис, како и развивање на други стратешки односи со САД во делот на енергетиката и дигиталната трансформација“, истакна министерот.

Муцунски оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори.

„Успеавме во дваесет месеци стратешки да позиционираме повеќе клучни области, а сето тоа носи конкретни придобивки за нашите граѓани, за деловната заедница и за државата во целина“, посочи тој.

Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, министерот истакна дека клучната порака од европските и американските претставници е Европа да се врати кон своите основни вредности.

„Основната порака е дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности – не само во безбедносниот, туку и во цивилизацискиот контекст. Потребно е да се зајакне безбедносната архитектура, но и да се направи преиспитување на одредени политики што придонесоа за намалување на економската моќ на континентот“, рече Муцунски.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака на партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи.

„Постои јасна порака за заедничка соработка, што е важно од аспект на нашата колективна безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Истовремено, време е да се препознае дека геополитичката ера на која бевме навикнати во последните децении е променета и дека и ние како држава мораме јасно да се позиционираме во согласност со новите глобални трендови“, заклучи министерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top