Македонија

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот патувало до Хрватска со владиниот авион

Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит Хрватска, соопшти прес центарот на Владата на Македонија.

Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството, потенцираат во соопштението.

Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува, соопшти Владата.

Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери, се наведува во демантот на Владата на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Митева: Митева: Жерновски во македонската политика е „стара витрина со пајажина“, нема никакви политички познавања! (ВИДЕО)

„Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла., реагираше портпаролката на Влада на Република Македонија Марија Митева на својот фејсбук-профил.

Сиљановска-Давкова: Понекогаш е непријатно летањето со старото владино „авионче на браќата Рајт“!

„Владиното авионче моите колеги-претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро’.“ – рече денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во одговор на поставено новинарско прашање.

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

Најнови вести

To top