Регион

Се фрлаа молотови коктели пред Владата, протестите вон контрола – солзавец на сите страни

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред парламентот, а попатно запалија контејнери за отпад. Демократите најавија продолжување на протестите и нивно радикализирање. Иако полицијата не дала дозвола за негово одржување, сепак, министерството за внатрешни работи ангажираше над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните единици.

epa12763655 An opposition supporter discharges fireworks at the Prime Minister's office during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government's resignation. EPA/MALTON DIBRA

Пред владата во Тирана вечерва се одржа протест на албанската опозиција, кој кулминираше со фрлање молотови коктели и пиротехнички средства врз објекот, веднаш по говорот на лидерот на демократите Сали Бериша, а продолжи со насилното однесување и пред парламентот.

По интервенција на полицијата со водени топови и солзавец, насобраните граѓани се оддалечија од местото на протестот и заедно со Бериша се упатија кон зградата на парламентот, каде се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, и тука фрлајќи молотови коктели. И тука полицијата употреби солзавец и водени топови. Попатно протестантите запалија и контејнери за отпад.

Одржувањето на четврт по ред национален протест, се совпаѓа со датумот на уривањето на споменикот на диктаторот Енвер Хоџа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана на 20 февруари 1991 година, што се смета за чин на кулминација на протестите на студентите и граѓаните, отворајќи го патот за политички плурализам и конечен колапс на тоталитарниот режим. Токму на овој датум Бериша му посвети посебно внимание, нарекувајќи го денешниот „втор историски протест за уривање на диктатура“.

  • Не ни помислував дека по 35 години повторно ќе бидеме на улица, овој пат да го урнеме вториот диктаторски режим, не идентичен со оној на Хоџа, но сличен по многу аспекти. Хоџа убиваше, затвораше невини граѓани, Рама ги истера Албанците од нивната земја, украде милијарди и милијарди евра, средства на граѓаните, за изградба на својот рај. Власта на Рама е столб на срамот. Се колнеме пред албанскиот народ дека деновите на Рама се избројани. Тој е политички мртовец, рече меѓу другото Бериша, кој по занимање е кардиолог, а во времето на Хоџа беше негов личен доктор.

Ние сме ураган и ќе ја спасиме Албанија, додаде Бериша, ветувајќи дека на албанските граѓани ќе им ја вратат демократијата, слободните избори, надежта. Повеќето говорници, во своите обраќања, побараа „техничка влада и избори без Рама како премиер“, итна оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, а учесниците во протестот постојно извикуваа „Рама оди си“.

Демократите најавија продолжување на протестите и нивно радикализирање.

Иако полицијата не дала дозвола за негово одржување, сепак, министерството за внатрешни работи ангажираше над 1.600 полицајци, како и припадници на специјалните единици.

Најнови вести од: Регион

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

To top