Хроника

Светиниколец 15 часа ја држел затворена и ја тепал бремената девојка!

Кога оштетената се обидела да избега, обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба

Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, како и за противправно лишување од слобода.

Кривичноправниот настан се случувал на 19 и 20 февруари во куќа во Свети Николе, во која двајцата живееле во семејна заедница.

Насилникот, според наводите во обвинението, прво ја навредувал, а потоа почнал да ја удира жртвата со тупаници. Таа се онесвестила од ударите, па ја однел во бањата каде што ја освестил со ладна вода и повторно почнал да ја удира и да ја влече за коса, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди по главата и телото.

Кога оштетената се обидела да избега, обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде што ја држел околу 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднел и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.

Во меѓувреме, се вршат дополнителни проверки во однос на наводи и сомненија за други злоупотреби од страна на истото лице кон оштетената, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

Најнови вести од: Хроника

Скандал со лажни „кубански вакцини против рак“ во Велес: Осомничениот измамил повеќе граѓани, Обвинителството спроведува истрага и претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист. Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела „измама“ и „надрилекарство“.

To top