Свет

Вучиќ: Го посетив Ивица – подобар е

Закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра.

Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.

„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е нешто подобра. Верувам во него, а сега насоката е Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.

„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.

Српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ е во критична состојба

Најнови вести од: Свет

To top