Македонија

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

 

„Секогаш и секаде први – најелитната единица „Волци“

Во пресрет на 1 март – Денот на Баталјонот на специјалните сили на македонската Армија, со особена гордост и почит го одбележуваме овој ден, посветен на храброста, дисциплината и пожртвуваноста на припадниците на Баталјонот на специјалните сили „Волци“. Нека е честит Денот на Единицата! , дополни првиот човек на македонската одбрана Владо Мисајловски преку општествената мрежа. 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top