Регион

Унгарија го зголеми степенот на терористичка закана поради конфликтот на Блискиот Исток

Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта

Владата на Унгарија го зголеми степенот на опасност од тероризам како одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.

Како дел од мерките, ќе биде зголемено присуството на полицијата на клучните инфраструктурни локации, вклучително и на Меѓународен аеродром Ференц Лист во Будимпешта, како и на пристапните патишта кон главниот град.

Ретвари информираше дека ќе биде засилена и безбедноста на полициските складишта за оружје, а ќе се спроведуваат редовни патроли на локации од клучно значење за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.

Полицијата ќе биде поинтензивно присутна на главните јавни сообраќајници, местата каде се собира поголем број граѓани, како и на терминалите, влезовите и пристапните патишта до аеродромот. Најавени се и случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.

Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта, а дополнителна заштита ќе биде обезбедена и за одредени амбасади.

Од аеродромот во Будимпешта соопштија дека мерките се превентивни и дека сообраќајот се одвива нормално, без прекини. Патниците се повикани да ги следат официјалните информации од надлежните институции и управата на аеродромот.

Најнови вести од: Регион

Граѓанин на Босна осуден на казна-затвор за величење на генерал Ратко Младиќ

Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина е условно осуден на 15 дена затвор во Хрватска, откако полицијата во градот Кореница го уапсила поради величење на осудениот босански српски воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи, јави Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

„Учете од минатото“: Ердоган ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро предупредување до Грција поради, како што оцени, продолжувањето на вооружувањето на островите со демилитаризиран статус, порачајќи дека Атина треба да го напушти „погрешниот пат“.

Протести во Тирана, се бара и оставка од Еди Рама (ВИДЕО)

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата

To top