Македонија

Менкиноски: Со скандалозна одлука Софија ми забранува 10-годишен влез, во обид да ме замолчи како правен застапник на Македонците во Бугарија пред ЕСЧП!

„Адвокатот Тони Менкиноски ќе одржи денес, на 7 март 2026 година, прес-конференција во врска со скандалозната одлука на официјална Софија за 10-годишна забрана за негов влез во Бугарија. Прес-конференцијата ќе се одржи во неговата адвокатска канцеларија во Скопје со почеток во  11 часот и 30 минути.“ – објави утринава Македонската информативна агенција – МИА.

Менкиноски најави дека ќе ги изнесе на прес-конференцијата деталите за случајот, оценувајќи дека станува збор за „скандалозна одлука“ и „директен притисок врз неговата работа“. „Тоа е директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид да ме замолчат мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП).“ – наведува Менкиноски во поканата до медиумите.

Тој најави дека ќе ги образложи на прес-конференцијата можните причини за оваа одлука, како и за последиците што, според него, „произлегуваат од повредата на човековото право на слободно движење и вршење на адвокатската професија во земјата, каде што живеат Македонци, чии предмети ги застапува“. Менкиноски ги повика медиумите да присуствуваат, нагласувајќи, како што вели, затоа што јавноста треба да биде информирана за „меѓународниот правен преседан и притисоците, со кои се соочуваат бранителите на човековите права“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top