Македонија

Разбра ли сега Никола Димитров што потпиша во Нивици (ВИДЕО)

Како грчката европарламентарка го уништи наративот на  Димитров за позитивноста на Преспански договор

Молк од екс министерот за надворешни работи Никола Димитров кој постојано тврди дека Преспанскиот договор ги решил сите проблеми со Грција која според него признала македонски идентитет различен од Грчкиот.

Димитров нема коментар за настапот на грчката европарламентарка  Афродита Латинопоулу која вчера од говорницата на Европарламентот рече дека македонскиот јазик е бугарски и дека Македонија е грчка.

За тие што ги слушале тезите на Димитров добро е да слушнат што кажува официјален грчки претставник во Европскиот законодавен дом.

Ниту еден од европратениците од грчка страна со кои Димитров е во контакт, особено тие од Сириза,  не стана да каже дека грчката европарламентарка не е во право.

Димитров молчи и за националистичките бугарските позиции искажани вчера иако тој беше човекот кој го договори и подготви Договорот за пријателство и добрососедство во Бугарија во 2017 година.

Како грчката европарламентарка индиректно го уништи наративот на  Димитров за позитивниот Преспански договор на линкот

https://x.com/arozgj/status/1942889233682780317?t=6z1WGmB1gCS6qwmHrxBjCQ&s=19

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top