Спорт

ЕХФ: Кипријановска во тимот на неделата во квалификациите за ЕП

Македонскиот десен бек во идеалната седморка на третото и четвртото коло за вкупно 13. гола против Белгија

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска се најде во најдобрата седморка на 3 и 4 коло од квалификациите за Европското првенство во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Десниот бек постигна вкупно 13 гола во двомечот со Белгија, 7 во Хаселт и 6 во родното Куманово, оставајќи ги „црвено-жолтите“ во трка за пласман на ЕП.

Покрај Кипријановска, во идеалниот тим се најдоа и Кристенсен од Данска, воедно и МВП, потоа Дол од Германија, Јауковиќ од Црна Гора, Јергенсен од Данска, Захова од Чешка, Букти од Франција и Бреистол од Норвешка.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top