Хроника

Маж од Косово, баран од Македонија преку ИНТЕРПОЛ, уапсен во Косово

Македонските власти го барале Косоварот за кривичните дела злосторничко здружување, даночно затајување и измама

Во Косово е уапсен маж од Косово, кој го барале македонските власти преку ИНТЕРПОЛ, соопшти косовската полиција утрово.

Станува збор за маж со иницијали М. Ш., приведен синоќа околу 23 часот, а баран со меѓународна потерница издадена од Македонија за кривични дела „злосторничко здружување, даночно затајување и измама“.

Нему му е одреден притвор до 48 часа за продолжување на понатамошните законски постапки.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top