Свет

Иран не исклучува напади врз воени цели во Европа

Секоја воена база на европска територија, која се користи за напад врз Иран, може да стане легитимна цел во екот на војна на Блискиот Исток

 

Амбасадорот на Иран во ОН во Женева, Али Бахреини, во ексклузивно интервју изјави дека секоја воена база „која се користи за напад врз Иран“, вклучувајќи ги и оние на европска територија, може да стане легитимна цел во екот на војна на Блискиот Исток, објави Euronews.

„Да бидеме јасни, нашата војска објави политика дека секој објект, секоја база што се користи за напад врз Иран, би била легитимна цел за нашата војска“, рече амбасадорот Бахреини во четврток. На прашањето дали тоа може да вклучува локации во Европа, тој одговори:

„Ние ќе ја браниме нашата земја во согласност со она што е потребно за да ја обезбедиме и да обезбедиме дека нема агресија врз нашата земја“.

Бахреини, исто така, негираше дека Иран нападнал цивилни локации во Заливот, обвинувајќи ги САД и Израел за ова, и инсистираше дека Техеран ги таргетира само воените цели. „Не можам да го прифатам тоа тврдење“, рече тој, додавајќи дека иранските воени сили добиле инструкции да ги таргетираат само воените бази што ги користат САД против Иран.

Најнови вести од: Свет

Германската Влада се согласи за клучните реформи за излез од кризата

Практиката вработените да одат на краткотрајно боледување само со телефонски повик ќе биде укината, а реформата предвидува ослободување на компаниите од товарот на барање одобрение, како и намалување на стандардите за заштита на податоците на минимум на Европската Унија.

Зеленски: Ќе ја пренесеме војната на територијата на агресорот

„Ова е сосема праведен одговор на сè што прави Русија против нас. Мирот е неопходен и токму тоа треба да го разбере руското раководство. Русија мора да ја прекине војната“, изјави украинскиот претседател

To top