Бизнис

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата

ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Северна Македонија, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на пазарот.

Почнувајќи од денеска (13 март 2026), заклучно со крајот на овој месец, ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им со тоа на големопродажните и малопродажните партнери дополнителна флексибилност оваа поддршка да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на своите потрошувачи. Трговците на големо и мало и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат своите продажни цени, во согласност со сопствените комерцијални политики и пазарните услови.

Врз основа на очекуваните количини на горива кои треба се пласираат на домашниот пазар до крајот на овој месец, оваа иницијатива претставува вкупен придонес за поддршка на пазарот од страна на ОКТА во износ од околу 2 милиони евра. Тоа ја одразува посветеноста на компанијата кон сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и ублажување на тековните пазарни притисоци.

Во оваа прилика, главнот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, изјави: „Препознавајќи ги предизвиците во енергетскиот сектор што ги донесе актуелната состојба, ОКТА презема конкретни чекори за поддршка на пазарот и потрошувачите. Во овој контекст, зајакнувањето на снабдувањето преку продуктоводот ВАРДАКС игра значајна улога во обезбедувањето стабилност и континуитет во снабдувањето со горива низ целата земја“.

„Како општествено одговорен снабдувач со енергија, ОКТА е посветена да обезбеди ова зајакнато снабдување да се претвори во конкретна поддршка за пазарот. Поради тоа, почнувајќи од денеска, па сè до крајот на месец март, ОКТА воведува попуст од 2 денари по литар за дизел и бензини, за трговците на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА, со што им се овозможува оваа придобивка да ја пренесат кон крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени. Оваа иницијатива ја одразува долгогодишната посветеност на ОКТА да го поддржува пазарот, домаќинствата и бизнисите во периоди на зголемени предизвици“, потенцираше Пасхос.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, изјави: „Зајакнувањето на снабдувањето со горива преку продуктоводот ВАРДАКС претставува значаен чекор напред за енергетската безбедност на земјата и отпорноста на нашиот пазар на нафтени деривати. Во период кога меѓународните енергетски пазари остануваат непредвидливи, а цените се под влијание на глобалните случувања, обезбедувањето сигурно снабдување и стабилност за граѓаните и бизнисите претставува клучен приоритет на Владата. Зголемениот капацитет на продуктоводот придонесува за зајакнување на енергетската инфраструктура на земјата и ја зацврстува позицијата на Република Северна Македонија во рамки на регионалната енергетска мрежа“.

„Иницијативите, како што е оваа на ОКТА, кои овозможуваат зајакнато снабдување и истовремено го претвораат во директна поддршка за потрошувачите, се особено важни, бидејќи помагаат да се намали притисокот врз домаќинствата и бизнисите, истовремено одржувајќи ја стабилноста на домашниот пазар на нафтени деривати. Ги поздравуваме напорите кои придонесуваат за поддршка на граѓаните и стабилноста на енергетскиот систем, особено во период кога координираното дејствување помеѓу институциите и приватниот сектор е од суштинско значење за справување со актуелните предизвици со кои се соочува енергетски сектор“, истакна Божиновска.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top