Македонија

Стефковски: Две нови и реконструкција на 10 улици во Гази Баба

Со оваа инвестиција се прави нов, голем чекор напред кон подобра и побезбедна Општина

Утрово со Министерството за транспорт, потпишавме договори за комплетна реконструкција на 10 улици, како и изградба на две нови на територија на Општина Гази Баба, објави на социјалните мрежи градоначалникот Бобан Стефковски..

„Овие значајни проекти се реализираат во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините.

Целосна реконструкција следува за:
ул. Петре Филиповски Гарката – Триангла
ул. Палмиро Тољати – Ченто
ул. Кон гробиштата Камник
ул. Париска Комуна – Хиподром
ул. Ордан Поп Јорданов – Маџари
ул. Жан Жорес – Маџари
ул. 519 – Керамидница
ул. 30 – Чукур Маало, Трубарево

Ќе се градат нови улици:
ул. 22 – Сингелиќ
ул. 2 – Железара

„Со оваа инвестиција правиме нов, голем чекор напред кон подобра и побезбедна Гази Баба. Продолжуваме со работа, со конкретни проекти што го менуваат секојдневието на нашите сограѓани!

„Благодарност до претседателот на Владата на Македонија проф. др. Христијан Мицкоски,i кој е креатор на овој проект кој носи историски развој на општините во цела Македонија, искажа Стефковски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top