Свет

Трамп: Испраќаме воени бродови во Ормутскиот Теснец, се надевам дека ќе ни се приклучат Кина, Франција и Јапонија

Трамп ќе го ослободува Ормускиот теснец

Screenshot

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе земји, заедно со САД, ќе испратат воени бродови за да обезбедат Ормутскиот Теснец да остане отворен за пловидба.

Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп наведе дека државите кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори овој важен поморски премин ќе испратат свои бродови во регионот.

„Многу земји, особено оние кои би биле погодени од обидот на Иран да го затвори Ормутскиот Теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за теснецот да остане отворен и безбеден“, напиша Трамп.

Тој изрази очекување дека на операцијата ќе ѝ се приклучат и други големи држави, меѓу кои Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство.

„Веројатно Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и други земји ќе испратат бродови во таа област за Ормускиот Теснец повеќе да не биде под закана“, додаде тој.

Во објавата Трамп тврдеше и дека САД ги уништиле иранските воени капацитети.

„Веќе уништивме 100 проценти од иранските воени капацитети“, напиша Трамп, додавајќи дека Иран сепак би можел да се обиде да испрати беспилотни летала, мини или ракети во регионот.

Тој најави дека американските сили ќе продолжат со воените операции.

„Во меѓувреме, САД ќе го бомбардираат брегот и ќе продолжат да потопуваат ирански бродови и чамци“, напиша Трамп.

Според него, „на овој или на оној начин“, Ормускиот Теснец наскоро ќе биде „отворен, безбеден и слободен“.

Најнови вести од: Свет

„Гугл“ ќе плати рекордна казна од 4,6 милијарди евра, парите одат во буџетот на ЕУ

ЕУ би можела да обезбеди дополнителни приходи и од новата царина од три евра за евтините пратки што влегуваат во Унијата. Од тие приходи, ЕУ ќе задржува 75 проценти, а остатокот ќе им припаѓа на земјите членки.

Руските олигарси не му веруваат на Путин

Дел од руската богата елита се чини дека е сè повеќе загрижен за нивните средства во земјата во контекст на постепените обиди на Кремљ за експропријација и национализација, и се чини дека е подготвен да преземе мерки за да ги обезбеди своите средства

Хаос и драма на летот од Лондон до Тирана, кој траел 12, наместо 3 часа – патниците сакале да се пресметаат со пилотот!

Летот на компанијата Рајанер од Лондон за Тирана, кој требало да трае околу три часа, се претворил во речиси дванаесетчасовна драма одбележана со силно невреме, две принудни пренасочувања, недостиг на храна и пијалаци, како и судири меѓу патниците и екипажот и интервенција на грчката полиција.

To top