Хроника

Благоја Механџиски вработува роднини на настраданите во Кочани

Бизнисменот плаќа превоз и храна за сите роднини на настраданите кои го следат судењето за ,,Пулс” во Скопје

Првиот човек на фармацевтскиот гигант Зегин, Благоја Механџиски нуди вработување за сите членови на настраданите во трагедијата во Кочани, тврдат ченови на семејствата на загинатите во огромната трагедија.

Механџиски на здружението на граѓани ,,16 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс им доделил деловни простории во кои семејствата можат да се собираат за да ги спроведуваат своите активности.

На средбата со нив во понеделникот на денот на трагедијата Механџиски им понудил вработување на сите членови на настраданите, откриваат благодарни членови на здружението.

Меѓу другата помош, според изјава на родители на загинатите, Механџиски обезбедува превоз и исхрана за сите роднини кои доаѓаат во Скопје на судењето за кобниот пожар во дискотеката Пулс.

На средбата Механџиски добил благодарница од роднините за сета помош што ја дава на ужалените фамилии.

Најнови вести од: Хроника

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести

To top