Свет

Трамп: „Многу убавото“ однесување на Путин се покажа бесмислено (ВИДЕО)

Изјавата на американскиот претседател доаѓа откако Зеленски го опиша како „позитивен“ дијалогот со Трамп за навремена испорака на оружје, особено системи за воздушна одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД ќе испратат нови пратки оружје во Украина, вклучувајќи моќни системи за воздушна одбрана Патриот. Испораката, рече тој, ќе се изврши индиректно – преку НАТО, кој ќе ги финансира трошоците и ќе ги дистрибуира системите меѓу своите членки.

„Ќе испратиме системи „Патриот“ во НАТО, а потоа НАТО ќе ги дистрибуира понатаму“, изјави Трамп за NBC News, додавајќи дека алијансата ќе ги покрие сите трошоци. „НАТО ќе ја врати цената“, пренесе Политико.

Одлуката за испраќање на новите „Патриот“ претставува пресврт во однос на претходната позиција на администрацијата на Трамп за ограничување на американската воена помош за Украина.

Изјавата на американскиот претседател доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски опиша „позитивен дијалог“ со Трамп за навремена испорака на оружје, особено системи за воздушна одбрана.

Зеленски претходно побара десет системи „Патриот“, по рекордниот бран руски напади со беспилотни летала и ракети врз украинските градови.

Зборувајќи во Рим, Зеленски откри дека Германија е подготвена да плати за два система, Норвешка за еден, а други европски земји исто така изразија подготвеност да учествуваат. Тој нагласи дека Патриотите се „вистински спасители“ за Украина, особено во време кога нејзиниот систем за воздушна одбрана е сериозно исцрпен.

Патриот е еден од најнапредните системи за воздушна одбрана во светот, развиен за пресретнување на балистички и крстосувачки ракети и борбени авиони на долги растојанија. Американскиот систем користи софистицирани радари и водени ракети за повеќеслојна воздушна одбрана, а неговата способност да пресретнува дојдовни закани во реално време го прави клучен елемент во заштитата на стратешките цели.

Поради нивната висока точност и сигурност, „Патриотите“ се меѓу најбараните системи од ваков тип на глобалниот пазар, а Украина ги смета за витални за одбрана на своите градови од сè поинтензивни руски напади.

Трамп претходно изјави дека е незадоволен од недостатокот на напредок во разговорите откако разговараше со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела.
„Многу убавото“ однесување на Путин се покажа како бесмислено“, рече Трамп.

Во интервју за NBC News, тој најави дека во понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, но не прецизираше што точно ќе биде тоа.

Најнови вести од: Свет

Новата 2026 најпрво ќе пристигне на пацифичката островска држава Кирибати

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд 1 јануари во 13 часот по македонско време

Кина започна со целосната блокада на Тајван: Островот во паника извади “Абрамс” на улица (ВИДЕО)

Вежбите започнаа на 29 декември, само 11 дена по објавата на САД за рекордна продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари. Кинеското Министерство за одбрана ги осуди продажбите како провокација и најави „силни мерки“.

Не праветеја истата грешка: „Епл“ со важно предупредување до корисниците на Ајфон

Apple препорачува уредите да се полнат на тврда и рамна површина, со добра вентилација, како и да се избегнува нивно покривање со ткаенина или други материјали. Дополнителен ризик претставува користењето неквалитетни или неоригинални полначи и кабли, кои можат да предизвикаат прегревање, краток спој или други безбедносни проблеми. Затоа, се советува употреба на оригинална или сертифицирана опрема.

To top