Македонија

Клековски: Добро уреден систем значи навремена терапија и доверба во квалитетот

Усогласување со законодавството на ЕУ и унапредување на регулаторната рамка

Министерството за здравство, во соработка со СЗО, денеска одржа национална консултација за новиот Закон за лекови. Целта е усогласување со европското законодавство и зајакнување на регулаторната рамка.

Новиот закон ќе го замени оној од 2007 година, кој е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот закон ќе се подели на Закон за лекови и Закон за медицински средства, а подоцна ќе следи и посебен закон за фармацевтската дејност.

Министерот Сашо Клековски ја отвори консултацијата.

„За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба“, изјави тој.

Клековски нагласи дека успехот зависи од примената: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“

Претставена беше работната верзија на законот, усогласена со клучни ЕУ-директиви и регулативи, како и со конвенцијата MEDICRIME. Во дискусијата учествуваа претставници на институциите, стручната јавност, индустријата и здруженијата на пациенти.

На крајот министерот предложи осум заклучоци, меѓу кои системско разгледување на забелешките, поедноставни постапки, посилни механизми за снабдување, електронска фармаковигиланца и јасни рокови за доработка на законот.

„Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем и подобра достапност на терапиите“, истакна Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

To top