Бизнис

Бензинот останува со иста цена, дизелот наместо 10,5 оди горе за 3,5 денари

Регулаторната комисија го вгради намаленото ДДВ во цената

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .

Според оваа одлука, малопродажните цени на бензините од 95 и 98 октани не се менуваат, дизелот поскапува за 3,50 денари по литар, масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапува за 2,50 денари, а  цената на Мазутот  се зголемува за 0,157 денари и од полноќ ќе изнесува 47,610 денари по килограм.

Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     –  86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98    –  88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   –  95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    – 92,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,610 (денари/килограм)

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат и дека  ова се максималните цени на нафтените деривати, а  трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари по литар, а дизелот за 10,50 денари по литар, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      –  93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      –  95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    –  102,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    –  99,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,073 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592%, кај дизелот за 16,531%, кај екстра лесното масло за 15,222% и кај мазутот зголемувањето е за 9,207%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7145%.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top