Спорт

КМФ Проект македонски шампион во футсал

Шампионската трка во Првата македонска футсал лига заврши, откако КМФ Проект ја обезбеди титулата на четири кола до крајот на сезоната

Шампионската трка во Првата македонска футсал лига заврши, откако КМФ Проект ја обезбеди титулата на четири кола до крајот на сезоната.
До својата втора титула во клупската историја, КМФ Проект дојде во доминантен стил, забележувајќи 14 победи во исто толку натпревари оваа сезона.
„Оваа титула е резултат на континуирана работа, дисциплина и верба во процесот. Горд сум на тимот, на стручниот штаб и на сите кои стојат зад клубот. Покажавме карактер кога беше најтешко и тоа не донесе до врвот. Ова е голем успех, но и обврска да продолжиме да растеме и да го претставуваме клубот на највисоко ниво“, изјави за клупскиот сајт, претседателот на КМФ Проект, Иван Гавровски.
Клубот од Јосифово втор пат ќе го претставува македонскиот футсал во Лигата на шампиони по дебитантското учество во 2021 година кога на квалификацискиот турнир во Гевгелија успешно ја мина прелиминарната рунда.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top