Регион

Марта Кос ја одби идејата на Вучиќ и Рама за влез на Србија и Албанија во Шенген-зоната и во ЕУ без полноправно членство!

Еврокомесарката Марта Кос ја отфрли идејата на Рама и Вучиќ за влез во Шенген без полноправно членство, нагласувајќи дека условите се подеднакво строги како и за пристапување во ЕУ. Според неа, Унијата ќе бара реформи без компромис, дури и во моделот на постепена интеграција.

Дали лидерите знаат колку треба да постигнат за да бидат дел од Шенген или заедничкиот пазар, вели еврокомесарката Марта Кос коментирајќи ја идејата на албанскиот премиер и на српскиот претседател. Таа изјави дека влегувањето на една земја во Шенген или во заедничкиот пазар на Европската Унија бара реформи исто толку тешки како и оние за полноправно членство во Унијата.

Во авторски текст за германскиот „ФАЗ“, Рама и Вучиќ претходно се пожалија на бавното темпо на интеграцијата, посочувајќи на внатрешни реформи, геополитички тензии и институционални ограничувања. Тие предложија нивните земји да бидат дел од единствениот пазар и Шенген зоната без да добијат политичко право и право на вето како полноправни членки.

Кос го отфрли овој предлог. Говорејќи на самитот „Конкурентна Европа“ на „Политико“, таа исто така оцени и дека стремежите на Украина за членство во ЕУ до 2027 година се „невозможни“, додека Исланд би можел да биде „посебен случај“ и побрзо да напредува доколку повторно ги отвори преговорите.

Еврокомесарката истакна дека Унијата треба да ги промени правилата за проширување и ги повика земјите членки да ги презентираат своите планови, откако беа отфрлени предлозите на Комисијата за обликување на процесот.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

To top