Властите во Чешка подигнаа денеска обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории.
Обвиненијата следуваат по полициските рации во седиштето на Чешката фудбалска асоцијација и неколку клубови, вклучувајќи го и прволигашот Карвина.
Обвинителот Радим Драгун прецизираше дека обвинетите се товарат за учество во криминална организација, измами, корупција и перење пари. Тие се соочуваат со казна затвор до 13 години.
Меѓу осомничените, наводно, е градоначалникот на Карвина, Јан Волф, судии од професионалната листа, како и фудбалерот на Карвина, Самуел Шигут.
Чешката фудбалска асоцијација соопшти дека ги поддржува постапките на полицијата и судските органи, откако претходно, нејзината Комисија за етика, исто така, поведе постапка против 42 физички лица и пет клубови.