Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шјиаочјинг Ју.

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на надворешните шокови врз домашната економија.

Тој истакна дека за градење отпорност се неопходни кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки, со цел да се зачува макроекономската и финансиската стабилност, како и стабилноста на банкарскиот систем.

„Народната банка ја покажа својата способност за решително дејствување, придонесувајќи за намалување на инфлацијата и одржување на финансиската стабилност. Соочени со нов бран на неизвесност, нашата цел и натаму останува обезбедување на стабилност во услови на динамични светски промени“, рече гувернерот Славески.

На средбата беше нагласено значењето на партнерството и соработката меѓу Народната банка и Светската банка, особено во рамките на проектот за модернизација на платните системи во земјите од Западен Балкан.

Директорката Шјиаочјинг Ју изрази силна поддршка за напорите на Народната банка за успешно зачленување на Македонија во Единствената област за плаќања во евра (SEPA), како и за вклучување на сите банки во шемата за кредитни трансфери во рамките на SEPA.

„Пристапувањето на Македонија кон SEPA во 2025 година веќе дава конкретни резултати. Трошоците за трансфер се намалија за 80 отсто, а надоместоците за трансакции од 20.000 евра се намалија од 0,33 отсто на 0,04 отсто. Во поширока смисла, се очекува дека со пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон SEPA, тие ќе остварат заштеда од околу 0,6 отсто од регионалниот БДП, односно околу една милијарда евра“, истакна директорката на Светската банка за Западен Балкан.

На средбата се разговараше и за продолжување на поддршката од Светската банка за воведување на систем за брзи плаќања за домашни и регионални трансакции, како и за напредокот на повеќе проекти за јакнење на финансиската стабилност.

Посебно беше истакната корисноста од студијата за одржливост на корпоративниот сектор, спроведена во 2024 и 2025 година со поддршка на Светската банка, која ќе придонесе за подобри системски анализи и супервизорски оцени на Народната банка.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

Обвинителот предложи притвор за „газдарицата“ на „Камените кукли“ Стојна Димитровска Бут (41) од Кратово, која беше уапсена на 2 август, откако се тепаше со туристи!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која вчера беше лишена од слобода и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица.

To top