Свет

Трамп: Услов за крај на војната беше Иран да биде вратен во „камено доба“

„Иран не мора да склучи договор“, рече амариканскиот претседател запрашан дали успешната дипломатија е предуслов за САД да го намалат конфликтот

Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека САД би можеле да ја завршат својата воена кампања против Иран во рок од две до три недели.

„Ќе си заминеме многу наскоро“, им рече тој на новинарите во Овалната соба на Белата куќа, додавајќи дека повлекувањето би можело да се случи „во рок од две недели, можеби две недели, можеби три“.

Ова е најјасна изјава на Трамп досега дека има намера наскоро да ја заврши едномесечната војна што го „преуреди“ Блискиот Исток, ги наруши глобалните енергетски пазари и ја промени траекторијата на претседателствувањето на актуелниот републикански претседател, јави Ројтерс.
Последици од нападот, во Техеран

Трамп додаде дека Техеран не мора да склучи договор со Вашингтон за да го заврши конфликтот.

„Иран не мора да склучи договор, не“, рече тој кога беше прашан дали успешната дипломатија е предуслов за САД да го намалат конфликтот.

„Не, тие не мора да склучат договор со мене“.

Наместо тоа, рече Трамп, условот за намалување на операцијата беше Иран да биде „ставен во камено доба“, без можност наскоро да се здобие со нуклеарно оружје.

„Тогаш ќе си одиме“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top