Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор во интервју за Би-Би-Си предлага радикален пресврт во политиката на проширување на Европска Унија, со идеја во 2028 година да се организираат референдуми во сите земји кандидатки, по што оние што ќе се изјаснат „за“ веднаш би станале членки. Овој модел, според него, би бил доказ дека Унијата е подготвена да се позиционира како вистинска геополитичка сила. Пахор потсетува дека Словенија стана дел од ЕУ во 2004 година, а Хрватска во 2013, додека останатите земји од регионот со години напредуваат бавно. Според него, одговорноста за застојот е поделена.

– Во Брисел, дури и кога има поволен геополитички момент, не се гледа доволно волја тој да се искористи за вистински исчекор, а во регионот речиси и да нема сериозни резултати во реформите и усогласувањето со европските стандарди, па целиот процес изгледа како да е заглавен – вели Пахор

Во таа насока, најавите дека Црна Гора би можела да стане членка до 2028 година, а Албанија нешто подоцна, тој ги гледа како политички сигнал, а не како резултат на суштински напредок.

– Јасно е дека не станува збор за некакви големи достигнувања, туку дека во Брисел е донесена политичка одлука дека тоа е доволно за да се одржи впечаток дека проширувањето не е мртво, бидејќи иако процесот е технички, конечната одлука секогаш е политичка – смета Пахор

Пахор предлага и конкретен, иако контроверзен модел за забрзување на интеграцијата.

– Ако Брисел сака да се однесува како вистинска велесила, може да одлучи во 2028 година да организира референдуми во сите земји кандидатки и да им овозможи на тие што ќе гласаат за членство веднаш да влезат, иако тоа би барало и компромис, како привремено ограничување на одредени права, на пример ветото или позицијата комесар – изјави Пахор.

Говорејќи за регионалната стабилност, Пахор ја издвојува Србија како клучен фактор.

– Дури и ако сите други земји влезат во Унијата, а Србија остане надвор, тоа ќе значи дека целиот Балкан ќе остане помалку безбеден, особено поради влијанијата на Русија и Кина, кои и натаму имаат свои интереси во регионот – категоричен е Пахор.

Тој внимателно ја следи и внатрешната состојба во Србија, каде што, според него, има зголемени политички тензии и дилеми околу европскиот курс.

– Главното прашање за српските власти е дали јасното определување кон Европа, што би значело дистанцирање од Русија и Кина, навистина ќе донесе членство, бидејќи впечатокот е дека ни во Брисел нема целосна сигурност за тоа, а токму таа неизвесност се користи како оправдување за одложување на реформите и слабеење на демократските стандарди – додава Пахор

На крајот, Пахор признава дека неговиот предлог тешко ќе се реализира. Европската Унија сè уште не е велесила како САД или Русија, за да може со една одлука да го забрза процесот и решително да влезе на Балканот како доминантна сила – заклучува Пахор

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести од: Регион

Другарот на Заев, Ципрас се враќа во политиката со нова партија

Грчките медиуми пишуваат дека Ципрас во изминатите денови објавил видео-пораки од свои поддржувачи на социјалните мрежи, кои го повикуваат да се врати во активна политика, со пораки дека „во март било рано“, а „во септември ќе биде доцна“.

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Премиерот Румен Радев со црвен тепих ќе ја пречека победничката на Евровизија во Софија

„Bangaranga“ не победи тесно и случајно. Официјалните податоци покажуваат дека песната завршила со 173 поени предност пред второпласираниот Израел, што Eurovision го бележи како најголема победничка разлика во историјата на натпреварот. На второто место се најде Ноам Бетан од Израел со „Michelle“, а трета беше Романија со Александра Кепитенеску и „Choke Me“.

Која е всушност Дара Јотова, пејачката што победи на Евровизија?!

Дара е родена во Варна, третиот по големина бугарски град на брегот на Црното Море, каде што дипломирала на Националното училиште за уметност. Почнала да пее како девојче, прво изведувајќи традиционална бугарска народна музика, а подоцна се свртела кон модерната поп музика.

(Видео): Бугарија победи на Евровизија 2026-та, в година Софија домаќин на спектаклот

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

Најнови вести

To top