Хроника

Седумчлена криминална група во апс за трговија со дрога

Лишени се од слобода четворица струмичани, двајца скопјани и еден штипјанец

Седум припадници на криминална група се лишени од слобода за недозволена трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК  спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога.

По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници,  од слобода се лишени седум лица,  од кои четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на 15 локации на подрачје на Скопје, Струмица и Штип.

За време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се  материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.

Преземањето на соодветни мерки и активности продолжуваат и понатаму во насока на обработка и вештачење на одземените предмети кои потекнуваат од кривично дело, потоа спроведување на лицата пред судија на претходна постапка, како и поднесување на кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3  од КЗ“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top