Македонија

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

„Што се однесува до трасата – ако не биде таа, ќе најдеме друго решение кое нема да ги прекрши препораките што постојано ги спомнувам. За ова не сум толку загрижен, бидејќи имаме решение. Поголем проблем е иднината на семејствата кои не можат да се развиваат. Имаме случаи кога дете сака да се осамостои и да направи надградба на семејната куќа, но не може поради ограничувањата од УНЕСКО“, рече Мицкоски.

Најатрактивната туристичка зона во Македонија, Охрид и Струга, треба да најде начин за развој, слично како и други светски градови под заштита на УНЕСКО, рече Мицкоски, споменувајќи го Котор во Црна Гора. Во меѓувреме, и другите делници од автопатот што водат од главниот град кон Охрид се во тек на реализација. „Заемот што требаше да го земеме од кинеската банка ‘Ексим’ повеќе не го земаме – тоа е прекинато. Но брзо се реорганизиравме и тој проблем е надминат. Формиран е конзорциум од домашни банки, со поповолни услови, и практично тие ќе го обезбедат финансирањето, по што тој сегмент ќе биде целосно функционален.“, изјави Мицкоски.

Работите продолжуваат и на делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани. За делницата Букојчани–Кичево е доставен извештај до кредиторите и се очекува понуда за продолжување со тендерската постапка и градежните активности на терен, со што ќе се заокружи трасата на Коридорот 8 до Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top