Македонија

Директорот на Канал 5 им се налути на ОН што ја прогласија Бугарија за недемократска држава – Козерија

Адвокатот Тони Менкиноски со помош на компир си ставил црн бугарски печат во пасошот

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски иронично ,,им се налути” на Обединетие Нации што ја прогласија Бугарија за недемократска држава која одбива легално барање за регистрација на македонски организации.

Целиот сатиричен пост е објавен на бизнис социјалната мрежа LinkedIn:

КОЗЕРИЈА: Алоооо, Обединети Нации, врска си немате! За Бугарија, земја од која ни доаѓа изблик на такво братољубие не сакаме и не ќе ви дозволиме да напишете нов извештај во кој ќе ни ја клеветите не братска, туку близначка Бугарија!

Еден Србин се претставил како индоктриниран Македонец и овие у Софија го фатиле и на културен начин не му дале да прави некакво NGO. Башка му рекле на барањето обавезно печат да им стави Тони Менкиноски, кој, јас ви тврдам-сам, со помош на компир, си ставил црн печат во пасошот, а се со цел да не им помага на тие просрпчени 5-6 Македонци во Бугарија!

А видовте ли бре вие од ОН како Бугарија си го подмести грбот во однос на Иран? Оригинално Техеран требаше да прати нота до Timco Mucunski, но Бугарите рекоа – НЕ!

Нема вие што да им се заканувате на Македонците да не го даваат аеродромот во Скопје за летови на Американските авиони за да го бомбардираат Техеран. Заканата упатете ја до Јотова ако смеете! И иʼ ја упатија…

ОН, знаете ли дека официјална Софија спречи едно чудо Албанци да се изјаснат како Бугари на последниот попис кај нашиот западен сосед? Па успеаа да ги намалат на само 7957! А тоа не го знаете, а?

БОНУС ИСТОРИСКИ ФАКТ за вас од ОН: Бугарија на 3 март 1878 год направи таква братољубовна геста да вие бре у Женева не можете ниту да го замислите тоа!

Нашите братја увиделе дека не е фер на сила во Санстефано Русија и Турција да им ја зголемат територијата дур до Лихнид, и самата тогашна Софија упатула УЛТИМАТУМ бре, алоооо…ултиматум до Москва и Стамбол во кој стоело;
Вратете ни ги териториите како што си беа за да Македонците се осечаат лагодно, а ако не го направите тоа – за инает нема да ги блокираме Македонците за влез во ЕУ , за едни 140 год од сега!

И се уплашиле Русите особено Турците и ние денес имаме држава благодарение на тој геројски гест на Бугарија!
Цврц!

*Текстот на Мирчевски е сатирична празнична форма и не ги одразува ниту историските ниту сегашните факти
#unknown #history #facts #bulgaria #unitednations

Мирчевски реагира на одлуката на ОН

Софија под притисок за правата на Македонците од Ист Ривер

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top