Свет

Техеран на Амриканците не им верува

Пред да започнат разговорите, нагласив дека имаме потребна добра волја и намера, но дека поради искуствата од двете претходни војни, не ѝ веруваме на спротивната страна, изјави претседателот на иранскиот парламент

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, даде прва официјална изјава по завршувањето на (пропаднатите) преговорите одржани во Исламабад.

Во серија објави на социјалната мрежа X, тој рече дека спротивната страна не успеала да ја добие довербата на иранската делегација.

Галибаф изјави дека ја изразил јасната позиција на Иран уште пред да започнат разговорите:
„Пред да започнат разговорите, нагласив дека имаме потребна добра волја и намера, но дека поради искуствата од двете претходни војни, не ѝ веруваме на спротивната страна“, напиша тој.

„Спротивната страна на крајот не успеа да ја добие довербата на иранската делегација во оваа рунда преговори“, додаде Галибаф.

На крајот, тој им се заблагодари на домаќините. „Благодарен сум за напорите на нашата пријателска и братска земја, Пакистан, која го олесни процесот на овие преговори и им испраќам поздрави на народот на Пакистан“, заклучи тој.

Речиси истовремено, заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хаџи Бабаеи, изјави дека Ормускиот теснец е „целосно“ под иранска контрола и дека за премин мора да се плати во иранската валута, ријал, според новинската агенција Мехр.

Бабаеи нагласи дека планот за Ормускиот теснец добил едногласна поддршка од 250 пратеници, објавува „Гардијан“. „Според одлуката на раководството, овој стратешки воден пат не е предмет на преговори под никакви околности“, рече тој.

„И покрај санкциите, извозот на нафта од Иран надмина 1,6 милиони барели, а денес е практично невозможно да се санкционира нафтата на нашата земја. Иранскиот народ нема да отстапи од своите барања ниту за сантиметар“, рече тој.

Трамп го изгуби облогот: Пропаднаа американско-иранските преговори

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денесак за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top