Македонија

Скопската легенда се бори за живот, Цирко е во критична состојба

Иљадници луѓе даваат поддршка на човекот кој со својата луцидност и интелигенција ги задолжи Скопје и Шуто Оризари

Познатиот новинар, водител и активист Рамуш Муарам – Цирко се бори за живот.

Загрижени блиски роднини, пријатели и колеги на социјалните мрежи споделуваат фотографии со него и се молат за негово закрепнување.

„Со голема тага ве известуваме дека нашиот брат и многу почитуван Рамуш Муарам – Цирко се наоѓа во тешка здравствена состојба и моментално е во кома, борејќи се за својот живот.

Ве молиме сите, секој на свој начин да упатиме молитви кон Господ / Алах за негово побрзо оздравување“, пишува во објавата на „Рома прес“.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top