Бизнис

Скопскиот аеродром со најголем раст на годишно ниво меѓу главните градови во регионот

Меѓународниот аеродром Скопје бележи зголемување од 32 отсто на понудените седишта во април во однос на истиот месец лани

Меѓународниот аеродром Скопје бележи убедливо најголем раст на бројот на понудени седишта на летовите од главниот град на Македонија овој месец меѓу престолнините во регионот во споредба со истиот месец минатата година, покажува анализата на специјализираната вебстраница за авионски сообраќај exyuaviation.com.

Скопскиот аеродром изгуби 6.866 седишта по ревизиите на мрежата досега овој месец, со што вкупниот број достигна 393.355, но ова, сепак, претставува силно зголемување од 32 проценти во споредба со минатата година. „Виз ер“ останува најголемиот превозник, со зголемен капацитет од 68%, проследен од „Пегасус ерлајнс“ и „Туркиш ерлајнс“.

Втора е Љубљана зголемување од 17 отсто на годишно ниво, нудејќи вкупно 191.974 седишта на редовни летови, што е намалување за 11.196 седишта во споредба со претходните проекции.

На третото место е аеродромот во Подгорица со 205.319 понудени седишта на редовни летови во текот на месецот, што е намалување за 2.505 во однос на првичните планови, но, сепак, е зголемување од 14,6 отсто во споредба со минатата година.

Според ревидираниот распоред, аеродромот во Белград треба да понуди 897.733 седишта на редовни летови во април, што е намалување за 36.995 од првичниот план, но ова, сепак, е зголемување од 7,6 отсто во споредба со април 2025 година.

Приштинскиот аеродром треба да понуди 390.680 седишта, што е намалување од 7.345 во однос на првичниот план, со вкупен раст на капацитетот во моментов проектиран на 2,6 отсто.

Загреб и Сараево бележат пад. Загрепскиот аеродром ќе има 549.720 седишта на редовни услуги, 10.332 помалку од првично поднесеното, што претставува намалување од 2,6 отсто на годишно ниво. Бројот на седишта на аеродромот во Сараево, пак, сега изнесува 223.574, што е намалување од 6.820 во споредба со првичните планови и 5,1 отсто во однос на нивоата од 2025 година.

 

Најнови вести од: Бизнис

Се враќаат на пруга патничките возови Скопје-Битола и Битола-Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје.

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, вели Карол Межеван од Светска банка

За целосно искористување на овој потенцијал ќе бидат потребни континуирани напори за зајакнување на конкуренцијата, доброто управување, развојот на вештините и интеграцијата со единствениот пазар на Европската Унија.

Ќе се гради пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“

Ова лето ќе почне да се реализира третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“ каде што најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

To top