Македонија

Царинска управа: Зголемена наплатата од увоз на тутун, спречени осум обиди за шверц

За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра.

Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири физички и едно правно лице.

Овие акции се насочени кон заштита на државниот Буџет и заштита на здравјето на граѓаните.

„Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи подеднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција, нема простор. Така се создава здрава економија и се отвораат нови бизнис можности. Тоа е нашата одговорност. Но не само наша.

Тоа е и одговорност на секој поединечен учесник во секоја поединечна царинска постапка. Транспортер, увозник, царински застапник, патник…И за секој од нив ќе важи кажаното затоа што носат одговорност и имаат обврска да се однесуваат законски, а не селективно и според лични моментални потреби и убедувања. Само според законот. И само тогаш ќе можеме да зборуваме за систем. Се друго ќе биде само импровизација. Ние како Управа треба да се стремиме да го достигнеме стадиумот кога не реагираме на веќе настанати проблеми и искушенија, туку истите  ги предвидуваме и анулираме пред да се случат“, порача директорот, Бобан Николовски на денот на одбележување 34 години од Царинската управа.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

To top