Македонија

Започна укинувањето на „Пржинската“, „техничка влада“ – доста е веќе со „пржинските експерименти“ со Македонија!

„Со 67 гласа за и 13 против – сите од опозицијата, Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада, со што се предлага укинување на Пржинската, односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога беа усвоени претходно, а не како што сега е предложено, по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан Мицкоски донесени се потоа измени техничката влада да функционира се до влегувањето на земјава во ЕУ.“ – објави ТВ 21 во својата статија „Почна процесот на укинување на Пржинската влада – опозицијата против и бара консензус, власта вели тоа е надминато решение“.

Натаму телевизијата наведува: „Нема потреба од никакво брзање во однос на законското решение, да се вратиме на форматот на кој што разговараме за ова прашање кое што практично е на барање на вашиот претседател. Тогаш е донесено законско решение кое што го имаме и со консензус со политичките партии и преку дијалог внатре во Собранието, да го вратиме/“, вели Оливер Спасовски.

Против укинувањето на „Пржинската влада“ се и од „Европскиот фронт“. Пратеничката Арбана Пашоли  бара сѐе што е донесено со консензус и поддршка од меѓународната заедница така и да се смени. „Сметаме дека се што е постигнато со политички договор и поддршка на меѓународен договор би требало на ист начин исто така да се постапи и кога се бара истото да се одложува. Така што во таа насока мислам дека нема да го поддржиме.“, изјави Арбана Пашоли.

На ова се спротивставија пратениците од власта. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски праша зошто опозицијата е против ваквата измена, бидејќи, како што рече, Пржинската влада е надминато решение. 

„Се работи за законско решение кое ќе важи не од следните избори, туку од изборите после тоа со што ви се дава сигурност, еве доколку мислите дека нешто не е заштитено по однос на изборниот процес, вие не дозволувате да почнеме со целата таа постапка. Да во скратена постапка е меѓутоа ќе има доволно време да се поднесат амандмани, да се разговара за сите тие амандмани поединечно и на крајот на денот да се стави на гласање ова законско решение“, вели Мицевски.

Измените на Законот за Влада,со кој е предвидена техничката Влада е решение од „Пржинскиот договор“ во 2015, а кој беше со важност само за изборите во 2016 година, односно оние кои беа организирани по политичката криза. Со него се предвидува 100 дена пред изборите да се формира техничка влада, во која во одредени министерства влегуваат кадри од опозицијата со цел да се обезбедат фер и демократски избори, објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ – Академијата за млади

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип

Битола: Автоматско отчитување на водомерите и намалување на загубите на вода

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот Андреј Гинов, присуствуваше на работен состанок во ЈКП „Водовод“ со претставници од швајцарската амбасада, посветен на реализација на нов проект за модернизација и за дигитализација на системот

Македонија има скапоцен минерал што светот го бара

Зошто Македонија, земја со еден од најретките минерали на планетата директно поврзан со вселенските истражувања, сè уште нема национална визија за вселенската наука, прашуваат од Астра, здружението за астрономија и вселенски истражувања. Се работи за рудникот Алшар и минералот лорандит.

Скопски таксист му наплатил 7.800 денари на швајцарски турист

Според пријавата, 43-годишниот патник користел такси-превоз од центарот на градот до Средно Водно, при што возачот му наплатил дури 7.800 денари. Откако реагирал дека цената е превисока, таксистот станал агресивен и го напуштил местото, пренесува ТВ Стар.

To top