Македонија

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеева олимпијада по хемија

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип

Штипскиот гимназијалец  Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.

-Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди.

Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси-велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.

Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top