Свет

Кошта најави почеток на преговори со Украина

Претседателот на Европскиот совет му вети на Киев старт на преговори, откако ЕУ го исполнила ветувањето со првите два чекора

По исплатата на заемот од 90 милијарди евра за поддршка на Украина и усвојувањето на 20. пакет санкции против Русија, следниот чекор е отворање на првиот кластер преговори за пристапување на Украина во ЕУ, најави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Презедовме два многу важни чекори за да постигнеме праведен и траен мир во Украина. Првиот е јакнењето на украинските сили и на нивната способност да продолжат да се борат, бранејќи се од руската инвазија. Вториот чекор е зголемувањето на нашиот притисок врз Русија за да ја охрабриме сериозно да се вклучи во мировните преговори“, рече Кошта по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Кипар, објави Укринформ.

Тој нагласи дека е време да се подготвиме за следниот чекор.

„И следниот чекор е отворање на првата група преговори за пристапување на Украина во Европската Унија“, рече претседателот на Европскиот совет.

Потсетувајќи дека ЕУ го исполнила своето ветување во врска со првите два чекори, Кошта нагласи дека „ќе го исполни и во врска со следниот чекор“.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top