Бизнис

(Фото): Очекуваме продлабочување на кризата, ако треба ќе побараме таргетирани мерки, вели Азески

Покрај лошата состојба на Блискиот Исток, и војната во Украина која се уште не е завршена, има влијание врз работата на компаниите, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од нив се ориентирани кон европските пазари, алармира стопанството.

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат согласно развојот на ситуацијата.

  • Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на стопанството без кои македонската економија не може да функционира, таргетирани мерки треба да бидат поставени. А за она што значи за граѓаните, тоа си е обврска на Владата и тука не се мешаме, дециден е Азески.

Негов став е дека во однос на мерките извозниците треба да имаат приоритет.

  • Очекуваме продлабочување на кризата со оглед на информациите што ги слушаме секојдневно и кои можат да ја докомплицираат ситуацијата. Но, мислам дека имаме капацитет засега, заедно со Владата, да ја контролираме состојбата извесен период, а потоа, нормално, треба да се преземаат акции на повисоко ниво што ќе значат опстанок на економијата, нагласи Азески, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на грантот од 500.000 евра за УГД – Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании.

Според него, ситуацијата сериозно се следи, а бизнисот е подготвен на секакви сценарија.

  • Ние сме подготвени на секакви сценарија од 2008 година, бидејќи кризите не се завршени од тогаш. Компаниите се во постојана ситуација на напнатост и на тешка предвидливост што е најголемиот непријател за водење бизнис, особено во комплицирана состојба како сега, во моментот на геополитички преструктуирања кои влијаат и на континентот во кој живееме – во Европа, и на регионот во кој се наоѓаме, напомена Азески.

Тој укажа и дека војната во Украина која се уште не е завршена, има влијание врз работата на компаниите, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од нив се ориентирани кон европските пазари.

  • Ситуацијата е цело време многу сериозно следена, анализирана од наша страна. Предлагани се мерки, соработката со Владата е секојдневна. И понатаму очекуваме продлабочување на кризата. Разработени се и разгледани сите можни сценарија што може да настанат. Сериозни фирми членуваат во Комората и затоа, како асоцијација, имаме обврска да ја предвидиме состојбата во која се наоѓаме. Можам да кажам дека се можни такви развои на нештата, меѓутоа ќе се направи сè до нив да не дојде. Нашите можности да влијаеме се многу мали. Да, ќе побараме секогаш мерки кога се потребни. Да, тие мерки ќе бидат таргетирани, зашто мерките што општо важат и кои се приоритети на Комората остануваат, а тоа се: сериозна борба со корупцијата и сивата економија, брза гасификација на Македонија и директна поддршка за извозните компании. Тоа останува врвен приоритет за работа на Комората, потенцира Азески.

Објасни и дека сме дел од најпребирливите пазари како европскиот, каде што увезуваат и извезуваат сите во светот.

  • Тоа значи дека мора да имаш квалитатив за да можеш да ги продадеш своите производи. А за да ги продадеш, треба да бидат конкурентни. За да бидат конкурентни, мора да бидат во согласност со политиките на државата од кои нема да имаат непредвидени трошоци. Сето тоа е врзано едно за друго. Ние сакаме таа поддршка да биде директно изразена од страна на Владата, сакаме тие да добијат апсолутен приоритет зашто без извозот, мала земја како нашата нема никакви шанси да опстане и да продаде производи. И трето што е најбитно, бараме да имаме таква ориентација за да се проверуваме и да ги следиме светските трендови. Без продажба надвор од рамките на државата, немаш потреба да градиш стандарди и конкурентност, а без тоа не можеш да продадеш производ надвор, рече претседателот на Комората.

Македонските компании кои се постојано присутни во Стопанската комора, додаде Азески, веројатно претчувствуваат дека може да дојде до некакво непредвидливо сценарио.

  • Мислам дека долго трупаните проблеми со кризите во Европа и во светот од 2008 година навака ќе ја зголемуваат инфлацијата и тоа сигурно ќе влијае во работењето на сите. Но, нормално, тоа ќе биде прв приоритет за таа борба што мора да се добие, бидејќи без добивање на таа борба нашите стоки ќе станат беззначајни, нагласи Азески.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

To top