Регион

Косово не успеа да избере претседател

Без кворум пратениците на Самоопределување се обидоа да изгласаат претседател на Косово

На седницата присуствуваа само пратениците на Самоопределување и нивните коалициски партнери, 64 од нив, а за да биде избран еден од кандидатите, треба да гласаат 80 пратеници во првиот круг.
Ниту една од двете кандидатки на движењето Самоопределување за претседател на Косово вечерва не беше избрана за претседател поради немање кворум, па затоа седницата беше прекината и ќе продолжи утре, објавија локалните медиуми.

Аналитичарите сметаат дека гласањето се одржало нелегално и спротивно на Уставот.

Откако Гљаук Коњуфца и Фатмира Муљхаџа-Кољчаку ги повлекоа своите кандидатури за претседател, Самоопределување предложи две нови кандидатки – Фериде Рушити, која е основач и директорка на приштинскиот Центар за рехабилитација на преживеани од тортура, и Хатија Хоџа, докторантка на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина, која е членка на Самоопределување од 2010 година.

Најнови вести од: Регион

Застрашувачки пожари го зафатија брегот Јадранот

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици.

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top