Бизнис

Унгарски „Електробус-Икарус“ најповолен понудувач на 150 еколошки автобуси

Австриската ЕВН ги исполни условите на Министерството за транспорт за набавка на 75 станици за полнење на електричните автобуси

Унгарскиот производител на автобуси „Електробус – Икарус“ и австриската компанија ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19,35 милиони денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси, соопшти Министерството за транспорт.

Согласно Одлуката, компанијата „Икарус“ треба да ги достави електричните автобуси, а ЕВН станиците за полнење.

Според техничките каректеристики, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење. Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба. Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858

По склучување на Договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика:

-30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот

– 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот

-60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот

По донесување на Одлука за избор, утврден е рок за жалба од десет дена.

Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор за најповолен понудувач, информираат од Министерството за транспорт.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top