Македонија

Денеска ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ 

Во македонското Собрание ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република  Македонија во областа на науката

Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, огледало и различна поучителна наставленија) на проф. д-р Михајло Марковиќ и на проф. д-р Соња Новотни.

На доделувањето на наградата, како што најавуваат од МОН, ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Со бројни манифестации во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски.

Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу другите, ќе положи собраниска делегација во состав Велика Стојкова-Серафимовска и Фатмир Битиќи.

По повод одбележувањето на 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, пак, во Владата ќе се одржи трибина насловена „Темел на државноста – визија за иднината“.

На трибината ќе учествуваат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и Јовица Никчевски, директор на Националната универзитетска библиотека.

Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 123 години од неговата смрт, Универзитетот Гоце Делчев (УГД) и Општина Штип денеска традиционално, организираат настан во дворот на Ректоратот на УГД (Ново Село).

Најнови вести од: Македонија

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност

Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај – на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во категоријата „Проекти од општествена одговорност“, како и специјалната награда од жирито и публиката.

Домашен притвор за директорката осомничена за загадената вода во Гостивар

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор,. мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор

To top