Бизнис

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари по литар

Од полноќ, цената на бензините се зголемува за 2,5 денари, а на дизелот за 2 денари. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026.

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 93,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 3,064 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 49,720 денари.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,720 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени кај сите нафтени деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа кај бензините во просек за 5,324 отсто, кај дизелот за 2,817, кај екстра лесното масло за 3,394 и кај мазутот за 8,305 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3444 отсто.

Потсетуваат дека во оваа пресметка се земени во предвид намалениот износ на акцизата за 4 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и намалениот износ на акцизите за 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во износ од 10 отсто, со исклучок кај дизелските фракции и мазутот.

На најголем дел од бензиниските пумпи во земјава дизелот се продава за три, а бензините за два денари пониско од максималната малопродажна цена што ја определува РКЕ.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустријан ерлајнс“, со што официјално почна да функционира новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

To top