Лидерот на СДСМ Венко Филипче не ги демантира наводите дека е глуп, злобен и петтоколонаш а засега нема ни најава за тужба откако вчера ги доби овие епитети од Ивор Мицковски.
Она што го кажува и прави лидерот на СДСМ за Бугарија може да го прави само петтоколонаш, анализираше новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски.
Тој не се согласува со изјавата на Венко Филипче според кого офоцијална Софија не го негира Македонскиот национален идентитет.
Мицковски смета дека Филипче меѓу другото е петтоколонаш односно одработува за Бугарија и е злобен.
,,Филипче вика Бугарија никогаш не го негирала нашиот идентитет.
Добро бе, јес да си глуп ама сега си и злобен.
Па изгласаа 200 одлуки у Парламент со консензус дека сме вештачка нација, дека немаме сопствен јазик, дека јазикот е вештачки, не кочат и понижуваат каде и да стигнат, негираат малцинство, крадат историја, ревизионираат минато, и ќе дојде ваква будала поставена од уште побудали и ќе одработуе за странски интереси.
Ова го прави само петтоколонаш и никој друг…”, пишува Мицковски.
Пред неколку месеци кога Жан Митрев во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски навести дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев, Филипче најави тужба за клевета.