Македонија

Муцунски ја демантира колешката од Бугарија: Имавме кратка размена на зборови, не средба

Реакција од министерот

Шефот на македонската дипломатија Тимччо Муцунски реагира на денешната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека денеска двајцата не оствариле официјална билатерална средба.

-Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“. Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонско“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит. А, како што и кажав на Весислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина, објави Муцунски.

Инаку, Петрова Чамова денеска во Брисел каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, изјави дека „имале убава прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија“.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top