Македонија

Петрова-Чамова и со „северномакедонски партнери“ ја испровоцира реакцијата на Муцунски

Шефот на македонската дипломатија реагира и на недипломатското „севернизирање“ од новата бугарска колешка

Не само описот на едноминутното „видување“ на маргините на настан во Брисел, туку и недипломатскиот опис со користење на омразената географска одредница кај огромното мнозинство Македонци ја испровоцираа реакцијата од македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски за изјавата на неговата нова бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова.

„Овој став (дека Македонија мора да ги исполни преземените обврски со т.н. Француски договор од 2022 година – н.з.) денеска исто така беше реафирмиран. Се радувам дека во врска со неа имаме многу широк политички консензус во Бугарија. Тоа им го кажав и на нашите северномакедонски партнери. Од нивна страна очекуваме активности што ќе покажат дека имаа целосна политичка подготвеност да чекорат напред по својот европски пат“, е делот од изјавата на Петрова-Чамова што дополнително ја прелеа чашата кај Муцунски.

„Би сакал да потсетам дека користењето на терминот ‘северномакедонски’ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, ѝ реплицира шефот на македонската дипломатија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top