Македонија

„Правдата ќе победи!“: Филипче за „средбата“ Петрова-Чамова – Муцунски

Внесувањето Бугари во Уставот било европско, а не бугарско „прашање“, според лидерот на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја искористи какофонијата околу „средбата“ во Брисел меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Велислава Петрова-Чамова и Тимчо Муцунски, за уште еднаш да се пресмета со власта.

„Имал, немал, официјална, неофицијална пораката од Петрова која што ја добил е јасна: ‘Бугарија има јасно изразен став, кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање за разговор меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, и доколку не ја искористат оваа можност, навистина може да изгубат’“, објави Филипче на Икс.

„Без внесување на малцинствата во Уставот – кое е европско, а не бугарско прашање – нема напредок во ЕУ интеграциите. Вистината излегува на виделина. Правдата ќе победи! #ЕвропскаМакедонија“, порача тој.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top