Лино Червар треба да биде лекот за болката на Еурофарм Пелистер по сезоната за заборав, во која по три шампионски титули му ја препушти палката на Вардар.
Според објавите на повеќе македонски медиуми, засега без официјална потврда од клубот и од трофејниот хрватски тренер, поранешен селектор на македонската репрезентација и творец на шампионскиот Металург, 75-годишниот ракометен великан од јули ќе застане на кормилото на битолчани.
Червар, кој има и македонско државјансртво, е без ангажман од 2019 година, кога последен пат го водеше Загреб, пред тоа за осум години во Автокоманда донесе четири шампионски пехари и три од Купот на Македонија, а планетарна слава стекна со двете злата со Хрватска на СП 2003 и на ОИ 2004, како и со сребрените медали од ЕП 2008, 2010 и 2020.